На 13.04.2022 во времето од 12.00 до 14.00 часот Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со преставници од РСБСП и полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај превземени се превентивни активности со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот на подрачјето на Полициската станица од општа надлежност Центар и Полициската станица од општа надлежност Карпош. Активноста се одвиваше во должина на ул.“Франклин Рузвелт“ од двете страни каде имаше погрешно паркирани моторни возила кои со своето паркирање го зафатиле дел од коловозот и тротоарот и со тоа ја загрозуваат безбедноста на пешаците кои учествуваат во сообраќајот.
Одделението за превенција при СВР Скопје со ваквите превентивни активности сака да испрати порака до сите граѓани кои се возачи да бидат совесни и со висок степен на сообраќајна култура, да внимаваат каде ги паркираат своите моторни возила да не ја доведуваат во опасност безбедноста во сообраќајот на пешаците и останатите учесници во сообраќајот .