Денеска (05.02.2022) во времето од 08.00 - 13.00 часот од страна на Отсекот за превенција при СВР Битола во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на РСМ, беше реализирана превентивна активност во рамките на проектот "Вози одговорно, патувај безбедно", "Биди подготвен за безбедно патување во зима", и проектите на Отсекот за превенција „Полицијата и граѓаните заедно", „Безбедно во сообраќајот", „Внимателна заедница безбедна заедница" и Превенција од кражби" на локација Ски Центар Нижеполе-Битола, каде на посетителите им беа делени летоци, освежувачи и други материјали со соодветни пораки за подигање на свеста и почитување на сообраќајните правила, но и другите законски обврски.