16 декември 2021

СВР Скопје со превентивни активности во училиштата „Стоп на употребата на пиротехнички средства“

Кампањата на МВР за превенција од употреба на пиротехнички средства и петарди продолжува да се реализира во соработка со одделенијата за образование од општините во основните и средните училишта на град Скопје. Од Одделението за превенција при СВР Скопје во текот на вчерашниот ден активностите се реализираа во Основното училиште ,,Киро Глигоров” во општина Центар, а денеска во Основното училиште “Партеније Зографски“ во општина Кисела Вода, каде беа опфатени учениците од петто до деветто одделение. За време на едукативните работилници на учениците им беше поделен материјал со порака дека петардите не се играчка и заедно со учениците поставени се плакати на видни места со цел информирање на граѓаните. Овие активности ќе продолжат и понатаму до крајот на новогодишните и божиќните празници.