09 декември 2021

Денот на превенцијата одбележан со активности во 8 детски градинки на подрачјето на СВР Тетово

Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово - Отсек за превенција денеска предпладне (9 декември), во рамките на одбележувањето на Денот на превенцијата, посетија осум детски градинки, по четири во Тетово и Гостивар и им врачија пригодни подароци.При посетата, реализирана во координација со ОБСЕ и одговорните за образование во двете локални самоуправи, тетовската и гостиварската, беше изразено обострано задоволство од досегашната соработка во реализацијата на повеќе превентивно-едикативни проекти и надеж дека истата ефикасно ќе продолжи и во наредниот период.
Ова, со цел најмладите, соодветно на нивната возраст, да се запознаат со основните знаења за сообраќајната безбедност, свест и култура.
Денеска, исто така, полициски службеници од Полициското одделение Галате ја посетија и мултиетничката детска градинка во Врапчиште, чии најмлади имаа можност да видат и дел од возилата и опремата што ги користат за извршување на нивните секојдневни професионални задачи.