01 декември 2021

Состанок за превенција на СВР Тетово, општина Гостивар и директорите на основните училишта


Денеска (1 декември) претпладне во Гостивар се одржа заедничка средба на која присуствуваа претставници од Отсекот за превенција на СВР Тетово, Општина Гостивар и директори на основни училишта, а на која главна тема беше меѓуврсничкото насилство, односно претстојните превентивни проекти со цел превенирање и спречување на безбедносни настани во кои се инволвирани малолетници од овој регион.

На средбата беше побарано продолжување на досегашната соработка помеѓу училиштата и полицијата и навремено санкционирање на девијатни и други појави.
Идната недела ваква средба е закажана и со одговорните на средните училишта во гостиварската општина.