ОВР Струга во своето редовно полициско работење ја активира велосипедската полициска патрола, како нова и современа форма на полициско превентивно работење градење партнерство и поблизок контакт со граѓаните што треба да обезбеди поголема мобилност на полициската служба при одржувањето на јавниот ред и мир, укажувањето помош и заштита на граѓани и поголема ефикасност во извршувањето на вкупните полициски активности. Велосипедската патрола е ефикасна во спречување, откривање и пронаоѓање на сторители на кражби по плажи и паркинг простори како и на други кривични дела. Оваа полициска патрола ќе придонесе и за афирмација на велосипедизмот како спортска дисциплина и здрав начин на живот и ќе го зацврсти позитивниот имиџ за полицијата во јавноста.