На 10.07.2021 во комплекс „Император“ во Битола, од страна на Отсекот за превенција при СВР Битола, беше реализирана превентивна активност и презентирање на проектите „Внимателна заедница - безбедна заедница“, „Бизнисот и безбедноста“ и „Безбедно во сообраќајот“. Притоа, пред граѓаните беа претставени превентивни мерки за заштита и самозаштита од разбојништва и кражби, а беа дадени совети и препораки за безбедно учество во сообраќајот во летните месеци.
Главните цели при реализацијата на наведените активности се подигање на свеста кај граѓаните за создавање на побезбедна и сигурна заедница, односно заштита на животот, имотот и личното здравје. Оваа превентивна активност беше поддржана од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Црвен крст - Битола.