На 08.07.2021 во периодот од 10,00 до 13,30 часот, Одделението за превенција при СВР Скопје и полициски службеници од Полициски станици од општа недлежност во соработка со Црвен крст на град Скопје, реализираа превентивна активност во рамки на проектот –Превенција од пожари под работен наслов „Лето без пожари“.
Полициските службеници од Полициската станица Кисела Вода, Полициската станица Центар и Полициската станица Гази Баба активностите ги реализираа на тој начин што на граѓаните им беа поделени летоци со порака да не се пали оган на отворено, а на граѓаните им беа укажани ризиците и штетите од појава на пожари.
Превентивните активности во овој дел ќе продолжат и во текот на летниот период на локации каде што се очекува поголема раздвиженост на граѓани.