На 03.07.2021 Отсекот за превенција при СВР Струмица, во соработка со Дирекцијата за заштита и спасување - Струмица, во населените места: Попчево, Рич, Белотино, Дражево, Смоларе, Старо Коњарево, Колешино и Габрово ја реализираше традиционалната кампања насловена: „Лето без пожари“.
Основна цел на кампањата е заштита од пожари и зачувување на зелените шумски површини, земјоделското земјиште, ливадите и пасиштата во текот на летниот период. Од страна на полициските службеници од Отсекот и инспекторот за пожари од ДЗС на непосредни средби на граѓаните им беа делени летоци, заедно со превентивни совети за ризиците од појава на пожари и штетите од нив.
Оваа превентивна активност придонесува да се подигне свеста кај граѓаните за спречување и заштита од пожари, со што се зајакнува довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните. Активностите ќе продолжат во текот на летниот период на места каде постојат ризици од предизвикување на пожари.