По претходно остварени средби со претставници од Општина Центар – Сектор за образование и со поддршка на Мисијата на ОБСЕ, Одделението за превенција при Сектор за внатрешни работи Скопје ја отпочна кампањата под работен наслов ,,ОСТАНИ БЕЗБЕДЕН“.
На 16.02.2021 во ОУ ,,Киро Глигоров“ се реализираше едукативна работилница со учениците кои посетуваат настава од прво, второ и трето одделение од областа на безбедноста во сообраќајот.
На учениците им беа поделени заштитни маски и флуоресцентни трепкачи.
Целта на кампањата е едукација и зголемување на безбедноста на најмладите учесници во сообраќајот, како и подобрување на културата на однесување во сообракајот.
Ваквите активности ќе продолжат и понатаму. Согласно предвидената динамика, едукативни работилници од областа на безбедноста во сообраќајот планирано е да се реализираат и во други училишта на подрачјето на СВР Скопје- по едно училиште од секоја општина.
Одделението за превенција при Сектор за внатрешни работи Скопје, сите активности кои произлегуваат од проектите и кампањите ќе ги реализира согласно препораките на Владата за заштита и превенција од ширење на коронавирусот (ковид-19).