Проекти и кампањи

09.06.2015 СВР Скопје

„Полицијата и граѓаните – заедно за поголема безбедност на Аеродром“

https://photos.google.com/u/0/album/AF1QipOq2dgCkyM0Emfy88qiqeX0d41DiJchtqw-81jhОдделението за превенција при СВР Скопје во соработка со општина Аеродром вчера пред ТЦ Капитол Мол ја започнаа кампањата за превенција од имотни деликти, која што е дел од проектот „Полицијата и граѓаните – заедно за поголема безбедност на Аеродром“. Имено пред трговскиот центар беше поставен информативен штанд и од страна на полициските службеници беше поделен, едукативен материјал (флаери) со совети како да се спречат провалните кражби во станови и куќи како и флаери од реализирани превентивни ативности и кампањи на полицијата на граѓаните. Ваквата пракса ќе продолжи и во текот на месеците јуни, јули и август, а освен тоа во соработка со локалната самоуправа ќе се одржуваат средби со граѓаните на кој истите ќе се едуцираат како да се заштитат од кривични дела во текот на летниот период, особено за време на годишните одмори, односно ќе се даваат совети како да се спречат провалните кражби во нивните домови, кражбите (џебни, дрски), разбојништва и тешките кражби во возила.

Во текот на средбите од страна на полициски службеници од ПС ОН Аеродром ќе се изврши дистрибуирање на плакати на куќните совети, месни и урбани заедници со цел нивно истакнување на видни места на зградите.
Целта на проектот е подобрување на личната и севкупната безбедност, зголемување на безбедноста на имотите на граѓаните, намалување на бројот на извршени кривични дела, едукација на граѓаните за постапување при забележување на сторител на кривично дело како и градење на доверба и подобра комуникација на граѓаните и полицијата.