29 ноември 2020

„Управувај безбедно со земјоделски машини"

  

 Секторот за внатрешни работи Струмица, преку Отсекот за превенција и Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај, во партнерство со РСБСП, на 28.11.2020 во населените места с.Куклиш, с.Муртино, с.Моноспитово и с.Босилово, реализираше превентивни активности од проектот „Управувај безбедно со земјоделски машини". Од страна на полициски службеници на учесниците во сообраќајот, кои управуваа трактори со тракторски приколки, им беа лепени флуоросцентни ленти со цел поголема видливост во сообраќајот со слоганот „Вози одговорно“, додека на останатите учесници во сообраќајот им беа делени летоци со потсетување за задолжително носење зимска опрема и превентивни совети за безбедно патување во зима.