31 јануари 2020

ОВР Кавадарци реализираше работилници со ученици на тема „БЕЗБЕДНО НА ИНТЕРНЕТ“

 

Денеска во просториите на ОВР Кавадарци беа реализирани две работилници со ученици од ООУ „Страшо Пинџур“ на тема: „БЕЗБЕДНО НА ИНТЕРНЕТ“.

Целта на денешните работилници беше на децата да им се објасни како побезбедно да го користат интернетот, а посебно социјалните мрежи: како да се заштитат и да го прилагодат нивниот профил, кои информации и какви фотографии не е пожелно да постираат на социјалните мрежи, што да направат и каде да пријават доколку некој направи некоја злоупотреба на нивниот профил или фотографии.

Контролата и надзорот на родителите играат многу голема улога во безбедното користење на интернетот од страна на учениците. Многу мал број деца одговорија позитивно на прашањето кој од учениците не користи интернет, Фејсбук, Инстаграм и други социјални мрежи, што укажува на масовно присуство на малолетниците на интернет и на социјалните мрежи. Некои од учениците рекоа дека имаат и по два и повеќе ФБ профили и ги знаат лозинките на своите најдобри другарки или на родителите и поблиските членови на семејството, а незаштитените односно споделените лозинки укажуваат на фактот дека е оставен простор за можни злоупотреби.