Отсекот за превенција при СВР Струмица, по повод Денот на полициската превенција, денеска реализираше активности во партнерство со Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Струмица и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, во рамките на кампањата „Безбедни училишта - безбедни првачиња“ и проектот „Безбедно од домот до училиштето“. Имено, во три основни училишта, и тоа: „Св.Кирил и Методиј“ с.Дабиља, „Маршал Тито“ и „Никола Вапцаров“ на околу 200 дечиња им беа поделени флуоросцентни елечиња, а истовремено беше спроведена и презентација преку која првачињата од страна на полициски службеници беа запознаени со сообраќајните знаци, правила и прописи.