На 17.10.2019 во периодот од 09.00 до 15.00 часот во просториите на Секторот з внатрешни работи Куманово се одржа третата редовна крводарителска акција за 2019 година согласно Планот на МВР на РСМ за крводарителски акции.
Крв даруваа 52 крводарители, од кои 44 мажи и осум жени, а две се новорегистрирани, при што собрани се 52 крвни единици.