Издавање на возачка дозвола

Издавање на возачка дозвола за прв пат

 

За Скопје телефонско закажување преку бесплатниот телефонски број 0800 192 92 е задолжително за сите апликанти.

За останатите градовите странките да се обратат во управните служби на шалтерите за сообраќај

Барање за издавање на возачка дозвола се поднесува лично.

    Кон барањето се приложува:
   - Важечка лична карта за увид
   - лекарско уверение
   - уверение за положен возачки испит
   - уплатница 280,оо денари
   - уплатница 110,oo денари aдминистративна такса



НАПОМЕНА: Со барањето за возачка дозвола задолжително се поднесува и пријавата за издавање на возачка книшка за кое е потребно:

    -пријава за возачка книшка
    -уплатница од 100 ден
    -фотокопија од лична карта
    -2 фотографии до димензија 3,5 X 4,5 смм 

НАПОМЕНА: 
Барањето за издавање возачка дозвола се поднесува до Министерството за внатрешни работи според местото на живеење.

СИТЕ ПРОМЕНИ МОРА ДА СЕ ПРИЈАВАТ ВО РОК 0Д 15 ДЕНА. АКО ВОЗАЧКАТА ДОЗВОЛА СЕ ЗАГУБИ ИЛИ ОШТЕТИ, СЕ ПОДНЕСУВА БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ ДУПЛИКАТ ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА ИЛИ ЗАМЕНА НА ОШТЕТЕНАТА ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА.

Контакт информации    

Ненад Ѓорѓијевски  началник во Одделение за возила и возачи

Стандард за доставување (Временски рок)
2 дена

 

НАПОМЕНА:Полињата во уплатницата означени со XXX се пополнуваат со кодот на Вашата општина.