Регистрација на возила

 

-РЕГИСТРАЦИЈА НА ВОЗИЛА

Регистрација на возилата е впишување на податоците во врска со регистарските ознаки и податоците во врска со возилото и сопственикот/корисник  на возилото во евиденцијата на регистрирани возила.

 

 

  1. Прва регистрација на возило
-Под прва регистрација на возилото во РСМ  се подразбира :

 

*регистрација на ново возило купено во РСМ

*регистрација на користено возило  увезено од  странство

Со првата регистрација возилото добива регистарски таблици и сообраќајна дозвола.

 

    1.1  Регистрација на ново возило купено во РСМ постапка за регистрација и потребни докази

 

      Барањето за регистрација  лично сопственикот/корисникот на возилото го поднесува на шалтер во Министерство за внатрешни работи или  во  Овластени станици за вршење на технички преглед на возила каде има деташиран референт од МВР .

 

Постапката за регистрација започнува по  поднесено барање  за регистрација од страна на сопственикот/корисникот на возилото.

* Со барањето за регистрација лично сопственикот/корисникот на возилото е должен да ги  поднесе и следните писмени докази : .

 

-важечка лична карта, или ако сопственикот е правно лице тековна состојба, издадена од Централниот регистар на Република Северна Македонија ;

       - доказ за сопственост- фактура за  возило

      - регулирани царински и даночни обврски за возилото,

- извршено осигурување, платени такси, регулирани давачки на име   надоместоци за користење на јавните патишта и за заштита на животната средина, комунална такса ,административна такса и др .

- потврда за сообразност или согласност за регистрација, ако се работи за возило за кое треба да има таква потврда или согласност согласно со одредбите од овој закон,

- запис од измерени вредности од емисиите на издувни гасови на возилото,

- запис за техничката исправност на системот за сопирање на возилото,

- запис за техничката исправност на системот за управување на возилото,

-потврда за утврдени минимално-технички и експлоатациони карактеристики за мобилна машина издадена во постапка на идентификација и оцена на техничката состојба на мобилната машина,

-Од страна на технички преглед се издава потврда  во кој се назначува рокот кога на возилото треба да се направи следен технички преглед

 

*корисник на возилото треба да приложи писмена согласност од  сопственикот на возилото со  заверка  на нотар .

 

Со Барањето за регистрација и целокупната документација сопственикот/корисникот се упатува на шалтерот за регистрација на возилото  во МВР или во Овластена станица за технички преглед каде има деташиран референт од МВР при што ќе се издадат регистарски таблици и сообраќајна дозвола.

 

 

1.2-Регистрација на користено возило увезено од странство-Постапка за регистрација и потребни докази       

 

       Барањето за регистрација  лично сопственикот/корисникот на возилото го поднесува на шалтер во Министерство за внатрешни работи или  во  Овластени станици за вршење на технички преглед на возила каде има деташиран референт од МВР .

 

Постапката за регистрација започнува по  поднесено барање  за регистрација од страна на сопственикот/корисникот на возилото.

* Со барањето за регистрација лично сопственикот/корисникот на возилото е должен да ги  поднесе и следните писмени докази : .

 

-важечка лична карта, или ако сопственикот е правно лице тековна состојба, издадена од Централниот регистар на Република Северна Македонија

- потекло на возилото -странска сообраќајна дозвола преведена кај судски преведувач и заверка на нотар,

-сопственикот на возилото-фактура, купопродажен договор превод кај судски преведувач и заверка на нотар

-извршена одјава на возилото  од надлежниот орган во кој е извршена претходна регистрација, извршено осигурување, платени такси, регулирани давачки на име надоместоци за користење на јавните патишта и за заштита на животната средина, комунална такса ,административна такса и др .              

- важечки извод од лиценца за авто такси превоз на патници,

- запис од измерени вредности од емисиите на издувни гасови на возилото,

- запис за техничката исправност на системот за сопирање на возилото,

-запис за техничката исправност на системот за управување на возилото,

              *техничка исправност на возилото, освен за возило за кое техничкиот

преглед не е задолжителен,

 

Доколку возилото  технички е  исправно , овластените контролори  Барањето за регистрација на возилото го потпишуваат и заверуваат во делот за извршениот технички преглед и со целокупната документација  сопственикот/корисникот се упатува на шалтерот за регистрација на возилото  во МВР или во Овластена станица за технички преглед каде има деташиран референт од МВР при што ќе се издадат регистарски таблици и сообраќајна дозвола.

Доказот за техничка исправност на возилото не може да биде  постар од 30 дена

*Сообраќајната дозвола чини 200,00 денари

 

-Регистарските таблици граѓански 1200,00 денари