Пријавување промена на место на живеење на возачот

 

За Скопје телефонско закажување преку бесплатниот телефонски број 0800 192 92 е задолжително за сите апликанти.

За  останатите градовите странките да се обратат во управните служби на шалтерите за сообраќај


ПРИЈАВУВАЊЕ ПРОМЕНА НА МЕСТО НА ЖИВЕЕЊЕ НА ВОЗАЧОТ
Возач кој ќе го промени местото на живеење е должен во рок од 15 дена да ја пријави промената на местото на живеење за да се запише во евиденцијата на возачите според новото живеалиште. Барање за пријава на промена на местото на живеење се поднесува лично. Кон барањето се поднесуваат:


- Возачка дозвола

- Лична карта на увид.

- Административна такса од 60,oo денари
       
НАПОМЕНА: Барањето за издавање возачка дозвола се поднесува до Министерството за внатрешни работи според местото на живеење.

СИТЕ ПРОМЕНИ МОРА ДА СЕ ПРИЈАВАТ ВО РОК 0Д 15 ДЕНА. АКО ВОЗАЧКАТА ДОЗВОЛА СЕ ЗАГУБИ ИЛИ ОШТЕТИ, СЕ ПОДНЕСУВА БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ ДУПЛИКАТ ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА ИЛИ ЗАМЕНА НА ОШТЕТЕНАТА ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА.
        
Контакт информации   

Ибраим Беќири  помошник министер во Оддел за граѓански работи 

Ненад Ѓорѓијевски  началник во Одделение за возила и возачи
        
Стандард за доставување (Временски рок)    
15 дена

НАПОМЕНА:Полињата во уплатницата означени со XXX се пополнуваат со кодот на Вашата општина.