Заверка на категорија во возачка дозвола

 ТЕЛЕФОНСКОТО ЗАКАЖУВАЊЕ ПРЕКУ  ТЕЛЕФОНСКИОТ БРОЈ  072 92 92 92 и 0800 192 92 (само од фиксен телефон)  ЕЛЕКТРОНСКО ЗАКАЖУВАЊЕ ЗА ЛИЧНИ ДОКУМЕНТИ  http://termin.mvr.gov.mk/

ИЗДАВАЊЕ НА ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА ПОРАДИ ЗАПИШУВАЊЕ НА НОВА КАТЕГОРИЈА

    Барање.
    Возачка дозвола
    Важечка лична карта на увид.
    Лекарско уверение
    Уверение за положен возачки испит
    280,00 денари за образецот или 840 денари за образецот доколку е во итна постапка (уплатница или уплата преку ПОС терминал)
    110,00 денари административна такса (уплатница или уплата преку ПОС терминал))
  
НАПОМЕНА: Со барањето за возачка дозвола задолжително се поднесува и пријавата за издавање на возачка книшка за кое е потребно:

 -  пријава за возачка книшка

 -  Уплата на уплатница од 100,00 денари (за возачка книшка)

 -  фотокопија од лична карта

 - фотокопија од возачка дозвола

 -  2 фотографии до димензија 3,5 X 4,5 смм
  
НАПОМЕНА:
 Барањето за издавање возачка дозвола се поднесува до Министерството за внатрешни работи според местото на живеење.


Контакт информации 
Ибраим Беќири  помошник министер во Оддел за граѓански работи  


        
Стандард за доставување (Временски рок)15 дена

НАПОМЕНА:Полињата во уплатницата означени со XXX се пополнуваат со кодот на Вашата општина.