Политиката за приватност на личните податоци на интернет страната на МВР

Согласно со одредбите на членовите 9 и 16 од Законот за заштита на личните податоци (Службен весник на РСМ, бр. 42 од 16.2.2020 година), Министерството за внатрешни работи на РСМ ја донесе следната

 

Политика за приватност на личните податоци на интернет страната на МВР

www.mvr.gov.mk

 

Оваа Политиката за приватност на личните податоци го уредува начинот на кој Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија (понатаму: “МВР на РСМ“) ги обработува податоците на корисниците (понатаму: “корисник") при посета на нејзината интернет страната www.mvr.gov.mk

 (понатаму: ”интернет страна").

Оваа политика за приватност се однесува единствено за наведената интернет страна и не се однесува за личните податоци што Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија ги собира од граѓаните на други начини.

Оваа Политика на приватност не се однесува ниту на лични податоци кои ги собираат други интернет страни, до кои пристапувате преку нашaтa интернет страна.

 

Какви податоци се собираат, за која цел и колку се чуваат?

 

За време на посетата на интернет страната, МВР на РСМ обезбедува користење на интернет страната на начин на кој Вашата приватност целосно се почитува.

МВР на РСМ обезбедува заштита на личните податоци кои ги собира и обработува од корисниците на интернет страната согласно со важечките прописи од областа на заштитата на личните податоци.

 
  • Податоци кои се собираат автоматски

-За секој поединечен пристап на определен дел на интернет страната автоматски се врши евидентирање со запис во логови на веб-серверот на податоци за Вашата IP адреса и технички детали за точната адреса од интернет страната на која е пристапено, од кој прелистувач е пристапено и датум и време на пристапот на интернет-страната. Овие записи се чуваат два месеци.

- На интернет страната се собираат и податоци со помош колачe (cookie) кои се запишуваат на Вашиот компјутер. Целите и начинот на користењето на колачето е согласно условите во Политиката за Користење на колачиња

- Кога ја посетувате нашата интернет страна се користи услуга на трета страна- Google Analytics за да се соберат стандардни информации за пристапот и детали за однесувањето на посетителите, но на начин без да може некој да биде идентификуван, ниту е овозможено Google да ги открие идентитетот на оние кои ја посетиле нашата интернет страна.

 
  • Податоци кои корисникот доброволно ги доставува за користење електронска услуга на интернет страната на МВР на РСМ

При посета на интернет страната се собираат и обработуваат Вашите лични податоци само доколку доброволно ги доставите, a кои се неопходни заради користење на конкретните услуги достапни на поединечната интернет страната.

Собраните лични податоци при користење на поединечната електронска услуга не се чуваат на интернет страната.

Собраните лични податоци при користење на услугите се испраќаат преку електронска порака до одговорни службени лица во МВР на РСМ и се обработуваат согласно закон.

 

-Пријави злоупотреба или насилство

Интернет страна redbutton.mvr.gov.mk претставува портал за пристап кон услугата за пријавување на какви било сознанија или информации од областа на злоупотреба на деца, криминал од омраза и повикувањето на насилство, како и трговијата со луѓе.

При користење на услугата доброволно се доставуваат некои од следниве податоци за идентификација и за контакт: име и презиме, адреса, контакт телефон, адреса за електронска пошта.

 

- Пријави сомнително лице

Интернет страна somnitelnolice.mvr.gov.mk претставува портал за пристап кон услугата за пријавување какво било сознание или информација за лице кое подготвува, извршува или има извршено кривично дело или други безбедносни појави и настани. При користење на услугата се собираат некои од следниве податоци за идентификација и за контакт: име и презиме, адреса, контакт телефон, адреса за електронска пошта.

 

-Пријави престој

Интернет страна mvr.gov.mk/prijavistrintro претставува портал за пристап кон услугата за пријавувањена престојот на странци или на македонски државјани од страна на правните и физички лица кои даваат услуги на сместување со наплата, а во согласност со законски утврдените обврски.

При користење на услугата се собираат некои од следниве лични податоци за идентификација и податоци за контакт:

  • За македонски државјани: име и презиме, датум, место и држава на раѓање, постојана адреса на живеење, регистарски број на лична карта и орган кој ја издал, адреса за електронска пошта.
  • За странци: име и презиме, датум, место и држава на раѓање, адреса на претходно/сегашно живеалиште/престојувалиште во РСМ, државјанство, вид и број на патна исправа, вид и број на визата и место на издавање, адреса за електронска пошта.
 

·         Користење на Услуга за електронско закажување за лични документи

Преку интернет страната на МВР на РСМ се пристапува кон интернет страната termin.mvr.gov.mk која претставува портал за услугите за електронско закажување за лични документи, преглед на резервации и пребарување на готови документи.

Корисникот на услугата презема обврска да се запознае со политиката на приватност на давателот на услугата за електронско закажување за лични документи, кој како ангажиран обработувач од страна на МВР на РСМ е обврзан при обработката да обезбеди заштита на личните податоци согласно закон и упатствата од МВР на РСМ.

 

Објавување на лични податоци

На интернет страната mvr.gov.mk, може да бидат објавени лични податоци, кои по својата природа се најчесто јавни или се објавуваат согласно законски утврдени надлежности на МВР на РСМ.

 

Права на корисниците

Законските права на субјектите во однос на обработка на личните податоци се остваруваат согласно со Процедурата за право на пристап и исправка на личните податоци од страна на субјектите на лични податоци.

 

Прифаќање на условите

Со користењето на интернет страната mvr.gov.mk, се согласувате со условите од Политиката за приватност на МВР на РСМ. Доколку не се согласувате, Ве молиме не користете ја интернет страната на МВР на РСМ.