Денеска (15.02.2025) во 02.00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода И.Д.(24) од Тетово, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (15.02.2025) во 00.40 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.В.(25) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (15.02.2025) во 01.50 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода В.З.(30) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 14.02.2025 во 21.50 часот во с.Инџиково, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.Т.(31) од с.Инџиково, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 14.02.2024 во 22.50 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода К.А.(20) и М.М.(28), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 14.02.2025 во 20.30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана и дробилка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 14.02.2025 во 20.45 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје, го лишиле од слобода Б.К.(26) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 14.02.2025 во 22.25 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје, го лишиле од слобода М.М.(34) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 14.02.2025 во 23.30 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Е.С.(31) од Скопје, затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 14.02.2025 околу 13.50 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот Куманово-Граничен премин Табановце-исклучок за с.Долно Коњаре, мотоцикл „јамаха“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Н.М.(27) од Куманово, излетал надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.
На 14.02.2025 во 13.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, Д.С.(50) од Скопје пријавил дека во с.Усје, скопско, неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.
На 14.02.2025 во 16.30 часот во Полициската станица Кисела Вода, Д.И.(36) од Скопје пријавил дека на ул.„Народни херои“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 14.02.2025 околу 19.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Б.П.(71) од Скопје пријавил дека во близина на реката Лепенец во Скопје, бил каснат од куче.
На 14.02.2025 во 21.15 часот на регионалниот пат, на влез во Демир Капија, од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово и Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при РЦ за ГР Југ извршена била контрола на патничко возило управувано од Д.И.(39), а како совозач бил С.П.(37), двајцата од Демир Капија, а непосредно пред контролата од прозорецот на возилото во движење С.П. исфрлил кеса со бела прашкаста материја. Тие биле лишени од слобода и предадени на полициски службеници од Полициската станица Неготино за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 14.02.2025 во 14.10 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Е.Б.(55) од Косово, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверка било констатирано дека евидирал со мерка „апси“ по барање на Интерпол. Тој e предаден на полициски службеници од Интерпол за понатамошна постапка.
На 14.02.2025 во 17.30 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Р512 од с.Крушеани кон с.Обршани, прилепско, патничко моторно возило „фиат" со крушевски регистарски ознаки, управувано од Ж.Н.(51) од с.Кривогаштани, излетало од коловозот. Ж.Н. е пренесен во Општа болница Прилеп, каде му се констатирани тешки телесни повреди. Увид извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.
На 14.02.2025 во 21.10 часот, полициски службеници од СВР Битола во паркот во близина на ОУ „Стив Наумов" во Битола лишиле од слобода двајца малолетници бидејќи кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на настанот, ќе следува соодветна пријава.
На 14.02.2025 во 17.15 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода И.М.(27) од кумановско, по претходна пријава дека околу 16.55 часот, заедно со уште едно лице, од 22-годишник од Скопје, одзеле пари и физички го нападнале, а употребиле и остар предмет. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Денеска (15.02.2025) во 03.50 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле К.Н.(24), С.Х.(21), Г.З.(27) и А.П.(19), сите од Скопје, по претходна пријава дека околу 03.30 часот на паркинг простор пред угостителски објект, го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка со уште три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (15.02.2025) во 00.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје, на подрачјето на Чаир, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Ј.(22) и В.Л.(28), двајцата од Скопје. Исто така, во 00.30 часот И.Ј. пријавила дека била физички нападната од В.Л. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 14.02.2025 во 18.20 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје ја привеле Б.Н.(39) од Скопје, по претходна пријава дека околу 18.00 часот со употреба на остар предмет физички го нападнала В.Ш.(39) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 14.02.2025 во 19.45 часот во СВР Скопје, било пријавено дека околу 19.10 часот во спортска обложувалница на подрачјето на Гази Баба, едно лице ја нападнало вработената и од касата одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 14.02.2025 во 15.00 часот во СВР Скопје, Р.И.(19) од Скопје пријавил дека околу 13.00 часот во с.Сарај, скопско, бил физички нападнат од двајца негови соученици, при што употребиле и остри предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 14.02.2025 во 19.00 часот во СВР Скопје, Б.Б.(52) од с.Ржаничино, скопско, пријавила дека околу 17.00 часот била физички нападната од С.Т.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 14.02.2025 во 08.30 часот во Полициската станица Кочани, Н.Е.(31) од с.Чешиново, кочанско, пријавил дека од домот се оддалечила неговата сопруга Б.Е.(27), која имала здравствени проблеми, а која и претходно се оддалечувала од домот. Според пријавеното, таа најверојатно се наоѓа кај лице од Куманово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Денеска (15.02.2025) во 02.45 часот во СВР Охрид К.М.(22) од Охрид пријавил дека на 14.02.2025 околу 23.40 часот пред влез од казино во Охрид, тој и неговиот татко Н.М. биле физички нападнати од А.И. и неговите браќа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 14.02.2025 во 19.50 часот во Струга полициски службеници од ОВР Струга го привеле В.Е.(59) од Р.Албанија поради илегален влез и престој на територијата на РСМ. Тој бил предаден на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија-Струга за понатамошна постапка.
На 14.02.2025 во 16.00 часот во Кичево полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода А.А.(27) од с.Туин,кичевско, поради тоа што при извршен претрес, по претходна судска наредба, во дом и други простории во Кичево била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 14.02.2025 во времето од 12.00 до 17.00 часот од страна на полициски службеници од ОВР Демир Хисар, во содејство со шумска полиција, во атар на с. Журче, демирхисарско, и атар на с. Бирино, крушевско, биле затекнати Т.Г.(51) од с. Свето Митрани, крушевско, и С.А.(43) од с. Пресил, крушевско, со пет коњи натоварени со огревно дрво, кое не било жигосано. Дрвната маса е одземена и предадена на шумска полиција за понатамошно постапување, по што ќе следат соодветни поднесоци. На 14.02.2025 во 14.15 часот во с. Кочиште, демирхисарско, полициски службеници од ОВР Демир Хисар го лишиле од слобода Л.К. од Крушево, од кого биле одземени 7 м3 нежигосани огревни дрва, како и моторна пила. Дрвата биле предадени на шумска полиција за понатамошно постапување, по што ќе следат соодветни поднесоци.
На 14.02.2025 во 12.45 часот полициски службеници од СВР Велес ја лишиле од слобода Ф.С.(24) од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека кон дворот на 48-годишната О.Т. од Велес, каде во моментот се наоѓала малолетната ќерка на О.Т., фрлала тврди предмети, при што оштетила неколку возила што биле паркирани на улицата пред нивниот дом. Ф.С. била задржана во полициска станица, а потоа по наредба од јавен обвинител спроведена во Основното јавно обвинителство Велес. По издадено решение од судија на претходна постапка за изречена мерка притвор, Ф.С. била спроведена во Казнено поправна установа Затвор Скопје.
На 15.02.2025 во 03.00 часот полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода Ј.Т.(31) и К.М.(33), двајцата од Кавадарци, затоа што во угостителски објект во Кавадарци физички нападнале полициски службеник кој извршувал службени задачи. Ј.Т. и К.М. се задржани во полициска станица и известен бил јавен обвинител. На 15.02.2025 во 05.10 часот полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода и З.П.(36) од Кавадарци, затоа што кога вршеле спровод во Општа болница Кавадарци на лицето Ј.Т.(31), за да му се изврши лекарски преглед, кога стигнале во болницата, З.П. ги спречувал полициските службеници во вршењето на службените дејствија. Исто така и З.П. бил задржан во полициска станица и известен бил јавен обвинител. По документирање на настаните против Ј.Т., К.М. и З.П. ќе бидат поднесени соодветни пријави.
На 14.02.2025 во 18.25 часот во СВР Тетово било пријавено дека едно лице со закана со оружје од вработен во менувачница во Тетово одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 14.02.2025 околу 16.30 часот во СВР Скопје Ф.Г.(32) од Р.Турција пријавил дека во Скопје, на подрачјето на Карпош, бил физички нападнат од неколку лица, по што влегол во угостителски објект, а исто така и лицата влегле во објектот и повторно физички го нападнале. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 14.02.2025 во 20.44 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во Скопје, на подрачјето на Карпош, настанал пожар во стан сопственост на И.П.(52). Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Повредени лица нема.
Денеска (15.02.2025) во 04.13 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, настанал пожар во патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.Х.(30) од Скопје. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Повредени лица нема.