Дневни билтени

Извадок на дел од дневните настани 13.02.2025

На 12.02.2025 во 22.40 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода В.К.(22) од Скопје. При претрес во нејзиниот дом и други простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени три ќеси со марихуана и еден куршум. По целосно документирање на случајот, против неа ќе следува кривична пријава по брза постапка по член 215 од Кривичниот законик.

На 12.02.2025 во 14.00 часот, поради основано сомнение дека се извршители на повеќе кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“ по член 235 и член 236 од Кривичниот законик, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода З.Џ.(23) од с.Желино, тетовско и А.А.(47) од Тетово. При претреси во нивните домови и помошни простории во с.Желино, Тетово и во с.Озормиште, извршени со судска наредба, биле пронајдени предмети, разновиден алат и машини за домаќинство за кои постои сомнение дека потекнуваат од над 10 кражби и тешки кражби извршени во куќи, објекти и плацеви на подрачјето на општина Желино. Предметите биле одземени и ќе им бидат вратени на сопствениците. З.Џ. и А.А. биле задржани во полициска станица и по документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Денеска (13.02.2025) во 01.40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода И.Р.(28) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 12.02.2025 во 20.00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Кочани затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 12.02.2025 во 20.00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Ј.(26) од с.Идризово, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 12.02.2025 во 12.10 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.С.(27) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 12.02.2025 во 20.45 часот во Скопје, на подрачјето на Шуто Оризари, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Т.Х.(25) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 12.02.2025 во 23.20 часот на ул.„Христијан Тодоровски Карпош” во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода Н.Н.(33) и З.Т.(41), двајцата од Прилеп, затоа што при преглед кај нив, кај З.Т. биле пронајдени грутчеста и прашкаста материја. По документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.

На 12.02.2025 во 13.00 часот на ул.„Пере Тошев“ во Прилеп. полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода П.Т.(41) и Е.Р.(21), двајцата од Прилеп, затоа што кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.

На 12.02.2025 во 14.05 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Охрид, кај девијација с.Ново Село, општина Дебрца, патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Д.М.(34) од Струга, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

На 12.02.2025 околу 08.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„Иво Лола Рибар“ во Куманово, товарно возило „форд транзит“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.З.(63) од Скопје, удрило во пешакот В.Т.(76) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.Т., констатирани во Општа болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

На 12.02.2025 во 18.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с.Миладиновци - с.Текија, скопско, патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.П.(51) од с.Дељадровце, скопско, удрило во велосипед управуван од Н.А.(69) од с.Миладиновци. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 12.02.2025 во 22.10 часот во Полициската станица Гази Баба, В.З.(53) од Скопје пријавила дека на ул.„Трифун Хаџи Јанев“ во Скопје била касната од куче скитник.

На 12.02.2025 во 09.00 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, С.Р.(41) од Скопје пријавил дека на ул.„Ѓорѓи Пенков“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 12.02.2025 во 06.55 часот во ОВР Гостивар, Д.М.(50) од с.Беловиште пријавила дека околу 06.00 часот на улица ,,Илија Антевски Смок“ во Гостивар била касната од куче скитник.

На 12.02.2025 во 20.30 и 23.10 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода З.Ч.(42) и еден малолетник, двајцата од Кавадарци. На улица „Тиквешко востание“ во Кавадарци, полициски службеници го затекнале З.Ч. во моментот кога на малолетникот му продавал зелена растителна материја, која подоцна била пронајдена кај малолентикот. Потоа, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на З.Ч., при што биле пронајдени и одземени зелена растителна материја, кафеава материја, 231 семки од зелена тревкаста материја и дробилка. Со малолетникот бил извршен разговор во присуство на родител и адвокат, а за настанот бил известен јавен обвинител. По документирање на настанот, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

На 12.02.2025 на патниот правец кон с.Лениште, во близина на Ленишки мост во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп пронашле пакување со марихуана. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 12.02.2025 во 12.20 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправна установа Затвор Скопје било пријавено дека околу 11.00 часот во кругот на установата биле пронајдени марихуана и мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 12.02.2025 во 18.00 часот во СВР Скопје, 83-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 50.000 денари. Според пријавеното, едно лице ѝ се јавило телефонски и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете мигрант, кое починало, и доколку не сака таа да лежи во затвор требало да плати. Како што е пријавено, таа ги оставила парите на договореното место, а откако се слушнала со нејзината ќерка, сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска (13.02.2025) во 00.15 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Б.Н.(42) од Скопје, затоа што, по претходно недоразбирање во сообраќајот, го нарушил јавниот ред и мир со физичка пресметка со Д.П.(25) од Скопје, а потоа агресивно се однесувал и кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 12.02.2025 во 17.18 часот во СВР Штип, од Казнено - поправната установа Затвор Штип било пријавено дека околу 16.40 часот осуденикот Д.М.(35) од Штип бил физички нападнат од осуденикот Б.Х.Ј.(44) од Штип. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 12.02.2025 во 15.58 часот во СВР Скопје, В.С.(40) од Скопје пријавил дека на подрачјето на општина Аеродром, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од С.С.(37) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 12.02.2025 во 16.20 часот во СВР Скопје, Ѓ.С.(34) од Скопје пријавил дека на 11.02.2025 околу 13.00 часот во автобус на ЈСП, на подрачјето на Гази Баба, неговиот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници, при што еден од нив се обидел да го нападне и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 12.02.2025 во 17.20 часот во Полициската станица Бит Пазар, М.А.(50) од Скопје пријавила дека од семејниот дом се оддалечила нејзината ќерка М.А.(15). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 12.02.2025 во 11.50 часот во СВР Битола, Ф.М.(59) од с.Ношпал, општина Могила, пријавила дека на ул.„Прилепска” во Битола била касната од куче скитник.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ф.П.(20) и 17 - годишник, двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“. На 02.09.2024 во с.Арачиново, скопско, пријавените, по претходна расправија, физички го нападнале Б.Р. од Скопје и испукале три куршуми кон него и му нанеле тешки телесни повреди.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против правно лице – угостителски објект и против А.Р.(27) од Струга, сопственик на правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“. На 17.01.2025, при извршена контрола било констатирано дека во угостителскиот објект бил вграден апарат, кој го манипулирал броилото за електрична енергија и на тој начин не била прикажувана реалната потрошувачка на електрична енергија. На тој начин била оштетена ЕВН Груп Македонија за износ од 260.045 денари.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.Џ.(33), М.Б.(38), Ѓ.К.(39) и Х.Џ.(34), сите од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 28.10.2024 пред угостителски објект во Тетово, пријавените физички ги нападнале З.Ф. и М.Ф., при што го уништиле инвентарот кој бил поставен пред објектот.

СВР Штип поднесе кривична пријава против А.Д.(29) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ и „загрозување на сигурноста”. На 10.02.2025 во Кочани, пријавениот агресивно се однесувал и подоцна физички нападнал полициски службеници додека извршувале службени дејствија.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ј.Е.(39) од Кратово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 09.01.2025 во с.Приковци, кратовско, пријавениот со остар предмет им се заканувал на неговата сопруга и неговиот брат.

СВР Битола поднесе кривична пријава против У.В.(31) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 26.01.2025 во Прилеп, пријавениот физички го нападнал Р.Ф. и со остар предмет му се заканувал.

СВР Штип поднесе кривична пријава против П.Г.(36) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 23.10.2024 во Казнено – поправната установа Затвор Штип, при претрес над пријавениот, кој издржувал затворска казна, биле пронајдени и одземени марихуана и прашкаста материја.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.К.(30) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 10.10.2023 во Охрид, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Џ.(46) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 25.10.2024 во Тетово, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што бил пронајден и одземен хероин.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.М.(29) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 22.05.2024 во Охрид, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана, кокаин и дигитална вага.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.Ј.(29) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 24.05.2023 во Тетово, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Љ.Ј.(57) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 19.09.2023, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени ловечка пушка и 22 патрони.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.Ф.(68) од с.Ново село, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“ На 10.04.2023 во Тетово, полициски службеници извршиле контрола на комбе „форд транзит“, сопственост и управувано од пријавениот, при што било констатирано дека врши јавен превоз на патници без да поседува лиценца од надлежен орган.