На 05.02.2025 околу 20.00 часот на бензинска пумпа на влезот на Куманово, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишиле од слобода А.Б.(28) од Скопје. При преглед во возилото „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, бил пронајден и одземен пиштол „зораки 917-Т“. Лицето било предадено во Полициска станица Куманово за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 05.02.2025 во 23.45 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.С.(19) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 05.02.2025 во 23.45 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.С.(23) од Скопје и Б.Д.(23) од Гостивар, а со престој во Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 05.02.2025 во 15.35 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на бул.„Гоце Делчев“ во Струмица, товарно возило - влекач „ман“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Т.С.(56) од Богданци, удрило во пешакот Д.Т.(46) од село Ангелци, струмичко. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицински центар Струмица за укажување на лекарска помош, каде подоцна починал. За настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, по чии насоки телото на починатиот било дадено на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.
На 05.02.2025 во 13.15 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово-с.Јажинце, кај с.Џепчиште, тетовско, Р.Р.Р.(57) од с.Шемшево, тетовско, управувајќи четирицикл „јамаха“ со струшки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.
На 05.02.2025 во 19.30 часот во Полициската станица Центар, Р.Е.(31) од Гостивар пријавил дека на ул.„Владимир Полежиновски“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 05.02.2025 во 19.30 часот во Полициската станица Карпош, С.П.Т.(50) од Скопје пријавил дека на ул.„Франклин Рузвелт“ во Скопје, неговиот малолетен син бил каснат од куче.
На 05.02.2025 во 13.30 часот во Полициската станица Драчево, А.Д.(61) од Скопје пријавил дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 05.02.2025 во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Г.Т.(49) од Радовиш и Д.Г.(25) - полициски службеник од село Ораовица, радовишко, поради сомнение дека сториле кривично дело „лихварство“ по член 260 став 2 од Кривичниот закон.
При преглед кај Г.Т. биле пронајдени пари кои му биле исплатени при продажба на мотор, кој во ноември 2024 година бил оставен кај Д.Г. од жител на радовишко село како залог дека ќе ги врати парите што Д.Г. му ги дал. Додека, при преглед кај Д.Г. бил пронајден и нотарски купопродажен договор за продажба на моторот. Полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Радовиш, врз основа на судска наредба, извршиле и претрес во домот на Д.Г., при што биле пронајдени и други предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со делото.
За настанот се известени Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР и јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 05.02.2025, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода И.А. (43) и Н.А.(37), двајцата од Куманово, затоа што кај нив била пронајдена грутчеста материја. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.
На 05.02.2025 во 20.15 часот во близина на фабрика во населба Циглана во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар пронашле една кеса со марихуана. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (06.02.2025) во 06.30 часот во СВР Скопје, К.Ц.(29) од Скопје пријавила дека во 04.45 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар била физички нападната од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (06.02.2025) во 09.10 часот во СВР Скопје, А.Ш.(46) од Скопје пријавил дека на 12.12.2024 околу 17.10 часот во с.Долно Лисиче, скопско, бил физички нападнат од Д.С.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 05.02.2025 во 12.35 часот во СВР Скопје, Д.К.(23) од Скопје пријавил дека околу 11.30 часот на паркинг простор на подрачјето на Центар, додека извршувал работни задачи, по претходно недоразбирање околу паркирање на возило, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 05.02.2025 во 20.00 часот во СВР Скопје, Ј.Х.(36) од Скопје пријавил дека околу 17.45 часот на подрачјето на Центар бил физички нападнат од неговиот сосед А.И.(34) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 05.02.2025 во 12.20 часот во СВР Скопје, 31-годишна жена од Велес пријавила дека на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од поранешниот партнер И.„Н“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 05.02.2025 во 06.24 часот во СВР Скопје било пријавено дека неколку лица со употреба на сила и алат влегле во деловен објект на подрачјето на населба Бутел и откако одзеле повеќе предмети, предизвикале пожар во објектот, по што го напуштиле местото. Екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот, а повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 05.02.2025 во 20.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, С.К.(57) од Косово пријавила дека, додека пазареле во продажен објект во Скопје, се оддалечил нејзиниот сопруг Ф.К.(59) од Косово, кој имал здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Ш.(39) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Тој, во својство на вршител на должноста директор на ЈЗУ - Општа болница во Охрид, со пропуштање на должен надзор и без постоење на правен основ, на четири административни работници во болницата, кои немале решенија за раководна позиција, им определил коефициент на раководење и одговорност, со што на штета на болницата им овозможил право на повисока плата во вкупна вредност од 257.920 денари. Ова било констатирано и при вонреден инспекциски надзор, извршен од страна на Државниот инспекторат за труд.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.П.(48) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 18.01.2025 во Струга, поради нерасчистени должничко - доверителски односи, пријавениот со пиштол се заканувал на Г.М.(63) од Струга.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Ѓ.А.(53) од Кратово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување службена исправа“ и против Г.М.(61) и Т.Д.(62), двајцата од Кратово, поради постоење основи на сомнение за кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Првопријавената, вработена во Јавната здравствена установа Кратово, во периодот од 15.06. до 30.06.2024, кога била задолжена за евидентирање на вработените во книгата за рапорт на Итната медицинска помош Кратово, за шест смени во текот на јуни 2024 евидентирала еден вработен во книгата и покрај тоа што бил надвор од државата, со што му овозможила за тој месец да прими цела плата и на тој начин го оштетила Буџетот на Здравствениот дом Кратово. Второ и третопријавениот, исто така, вработени во Јавната здравствена установа Кратово, иако биле должни да го известат директорот, не го сториле тоа.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.Ј.(36) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 01.02.2025 во атарот на с.Праленик, општина Центар Жупа, пријавениот со патничко возило „опел“, кое го управувал, се обидел да удри полициски службеници кои преземале службени дејствија.
СВР Штип поднесе кривична пријава против П.С.(20) од Македонска Каменица поради постоење основи на сомнение за сторено кривичното дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 02.02.2025 во службена просторија на Полициското одделение Македонска Каменица, пријавениот физички нападнал полициски службеник.
СВР Штип поднесе кривична пријава против Д.Ј.(26) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 05.07.2024, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што бил пронајден и одземен кокаин, а на 06.07.2024, по претходно добиена судска наредба, извршиле претрес во домот на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.
СВР Штип поднесе кривична пријава против Н.С.(43) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 14.03.2024, со судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.
СВР Штип поднесе кривична пријава против В.М.(26) од Македонска Каменица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 01.12.2024 во Македонска Каменица, полициски службеници извршиле преглед над патничко возило „фолксваген голф“, кое го управувал пријавениот, при што во негова близина била пронајдена и одземена марихуана.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против Г.С.(43) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 02.10.2024 на бензинска пумпа во Струмица, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило ,,фолксваген голф’’ со струмички регистерски ознаки, управувано од пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ш.Ш.(25) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 04.02.2025 во семејниот дом во Гостивар, по претходна расправија со неговиот брат, пријавениот предизвикал пожар во домот.