Дневни билтени

Извадок на дел од дневни настани 05.02.2025

На 04.02.2025 во 13.40 часот на место викано Брежјето во Делчево, полициски службеници од Полициската станица Делчево го лишиле од слобода С.Д.(58) од Делчево поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик. Имено, околу 12.52 часот во ОВР Делчево било пријавено дека на местото настанал пожар на трева, грмушки и ниска шума. Полициски службеници на местото го затекнале С.Д., кој изјавил дека тој го предизвикал пожарот, односно дека сакал само да ја запали тревата на неговата нива, но пожарот излегол од контрола. Екипа на Територијалната противпожарна единица Делчево го изгаснала пожарот, а повредени лица нема. За настанот бил известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 04.02.2025 во 14.20 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Ф.Б.(28) од Кичево. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа дигитална вага, дробилка и други предмети со остатоци од марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

Денеска (05.02.2025) во 00.50 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Р.(23) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 04.02.2025 во 19.45 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.С.(40) од Куманово, затоа што кај него била пронајдена грутчеста материја. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

 

На 04.02.2025 во 21.20 часот на улица „Нико Нестор“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го привеле Е.В.(21) од Струга, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 04.02.2025 во 21.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода И.К(31) од Република Турција, затоа што при извршена пасошка контрола било констатирано дека меѓународните зелени карти за осигурување на товарно возило „форд“ и полуприколка со турски национални ознаки, кое го управувал, биле фалсификувани. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

 

На 04.02.2025 околу 13.30 часот во СВР Велес било пријавено дека на регионалниот пат Велес-Градско, во близина на клучка Караслари, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „волво“ со приколка со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Д.Н.(28) од с.Ваташа, кавадаречко и патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.У.(61) од Косово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „фолксваген поло“, додека со повреди се здобил неговиот сопатник П.К.(60) од с.Долно Соње, општина Сопиште, констатирани во Општата болница Велес. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.

 

На 04.02.2025 во 13.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Бутелска“ во Скопје, патничко возило „рено твинго“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.П.(47) од Скопје, удрило во М.Н.(66) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Н., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 04.02.2025 во 16.20 часот во Полициската станица Гази Баба, О.А.(36) од Скопје пријавил дека во с.Инџиково, скопско, неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.

 

На 04.02.2025 во 10.00 часот во Полициската станица Центар, Н.Ј.(65) од Скопје пријавил дека во парк шума на Водно бил каснат од куче скитник.

 

На 04.02.2025 во 19.20 часот во Полициската станица Аеродром, Х.А.(40) од Скопје пријавила дека на бул.„АСНОМ“ во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.

 

На 04.02.2025 во Полициската станица Карпош, К.К.(70) од Скопје пријавил дека на ул.„Момин поток“ во Скопје бил каснат од куче скитник.