Дневни билтени

Извадок на дел од дневните настани 02.02.2024

Денеска (02.02.2025) во 01.10 часот во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода Н.Ф.(26) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (02.02.2025) во 00.15 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.С.(18) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 01.02.2025 во 22.50 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.К.(29) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 01.02.2025 во 14.00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба го лишиле од слобода Ј.Д.(21) од Штип, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 01.02.2025 во 19.40 часот во Скопје, во Кадриово маало, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.А.(39) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 01.02.2025 во 19.50 часот во с.Инџиково, скопско полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Д.(22) од с.Инџиково, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 01.02.2025 во 10.40 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле Б.Н.(29) од с.Долно Палчиште, тетовско, затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 01.02.2025 во 09.26 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Генерал Васко Карангелевски“ во Битола патничко возило „фолксваген поло“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.А.(64), удрило во пешакот А.Б.(89), двајцата од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

Денеска (02.02.2025) во 05.50 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на регионалниот пат Кичево-Македонски Брод патничко возило „фиат пунто“ со струшки регистарски ознаки, управувано од А.Л.(28) од Кичево, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и сопатничката М.С.(19), а со телесни повреди се здобил уште еден сопатник З.Р.(30), двајцата од Кичево, констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.

На 01.02.2025 околу 21.30 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар после раскрсницата за с.Осломеј се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Н.(38) од с.Свиништа и патничко возило „пасат“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Е.А.(35) од с.Зајас. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот А.Н. и неговата сопатничка Д.Р.Т.(65), констатирани во Медицинскиот центар Кичево, додека вториот сопатник во возилото, С.Т.(65) од Охрид, се здобил со телесни повреди. Кај Е.А., која го управувала возилото „пасат“, во болницата во Кичево биле констатирани телесни повреди. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.

На 01.02.2025 во 16.15 часот во Полициската станица Центар, А.Ј.(40) од Скопје пријавил дека на бул.„Партизански одреди“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 01.02.2025 во 19.50 часот во Полициската станица Центар, З.Т.(59) од Скопје пријавил дека на ул.„Франклин Рузвелт“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 01.02.2025 во 15.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, Љ.С.(66) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Кисела Вода во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 01.02.2025 во 14.10 часот во Полициската станица Кочани, З.С.(44) од Кочани пријавил дека во Градскиот парк во Кочани, бил каснат од куче скитник.

На 31.01.2025 во 20.30 часот полициски службеници од ОВР Крива Паланка ги лишиле од слобода Н.С.(28), А.Р. ( 21) и Р.Б. (30 ) од Крива Паланка, затоа што од приватен имот на улицата „Пиринска" во Крива Паланка одзеле предмети. Н.С. и Р.Б. биле спроведени во затвор Кшање, каде одлежуваат затворска казна, а биле пуштени на викенд отсуство. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни пријави.

 

На 01.02.2025 во 18.15 часот полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, ги лишиле од слобода Н.Ѓ.(28) и 27-годишната В.К., двајцата од Велес. Имено, на автопатот Скопје-Велес, кај наплатната станица „Сопот", било запрено такси возило во кое Н.Ѓ. и В.К. биле сопатници и при преглед, кај В.К. била пронајдена и одземена зелена растителна материја. Тие биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 02.02.2025 во 06.06 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во Прилеп било опожарено патничко моторно возило „цитроен" со прилепски регистарски ознаки, сопственост на А.А.(43) од Прилеп, при што од пожарот било зафатено и патничко моторно возило „сузуки" со прилепски регистарски ознаки, сопственост на С.А.(75) од Битола. Пожарот бил изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Прилеп. Повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

 

На 02.02.2025 во 02 часот полициски службеници од СВР Битола, пред ноќен клуб во Прилеп, го лишиле од слобода М.М.(48) од Прилеп, затоа што кај него била пронајдена прашкаста материја. По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

Денеска (02.02.2025) во 02.30 часот во СВР Скопје, 66-годишна жена од Скопје, пријавила дека на 01.02.2025 околу 22.00 часот во семејниот дом на подрачјето на Центар, била физички нападната од нејзиниот сопруг Н.М. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Денеска (02.02.2025) во 00.40 часот во СВР Скопје, Г.Ц.(55) од Скопје пријавил дека на 01.02.2025 околу 23.50 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар бил физички нападнат од А.Д.(52) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

Денеска (02.02.2025) во 00.50 часот во СВР Скопје Д.Т.(38) од Скопје пријавил дека на 01.02.2025 околу 21.30 часот во угостителски објект на подрачјето на Гази Баба бил нападнат со тврд предмет од А.С. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 01.02.2025 околу 22.30 часот во СВР Скопје, од Казнено поправната установа-Идризово, било пријавено дека околу 16.40 часот во установата, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.А.(43) од Скопје и Ш.А.(29) од с.Пласница, кичевско, двајцата осуденици во установата, а бил употребен и остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 01.02.2025 во 22.00 часот во СВР Скопје 47-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 18.00 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот сопруг Љ.М., со кого подолг временски период не живееле заедно. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 01.02.2025 во 17.00 часот во СВР Скопје, М.А.(67) од с.Долно Лисиче, скопско, пријавила дека на 31.01.2025 во селото била касната од куче, кое е сопственост на нејзин сосед. М.А. била пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 01.02.2025 во 16.30 часот во СВР Скопје, Д.М.(52) од Скопје пријавил дека околу 13.30 часот на подрачјето на Чаир бил нападнат со тврд предмет од Х.М.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

На 01.02.2025 во 09.45 часот во СВР Скопје Е.Т.(22) од Скопје пријавила дека во центарот на градот околу 05.15 часот се качила во такси возило без ознаки и откако стигнале на подрачјето на Чаир, каде требало да се симне, возачот побарал да му плати 700 денари. Откако Е.Т. му рекла дека тоа се премногу пари и почнала да се симнува од возилото, возачот го стартувал возилото и пријавителката паднала. Потоа се вратил наназад со возилото и ја удрил. Е.Т. побарала лекарска помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

СВР Струмица поднесе кривична пријава против В.Т.(43) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”. На 05.11.2024, полициски службеници извршиле преглед на такси возило, во кое се превезувала пријавената, при што била пронајдена и одземена марихуана.

 

СВР Битола поднесе кривична пријава против Н.Г.(46) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”. Полициски службеници, со судска наредба, извршиле претрес во домот на пријавениот во Битола, при што бил пронајден и одземен кокаин.