На 27.01.2025 во 17.30 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода М.Ј.П.(27) од Охрид, со привремен престој во Битола. При претрес во домот во кој престојува, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, семки од канабис, дробилка, вага и други предмети со остатоци од марихуана. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.
На 27.01.2025 на ул.,,Љуботенска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле Б.Ќ.(32) од Тетово, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за доиздржување казна затвор од три години, четири месеци и 26 дена за сторени повеќе кривични дела „тешка кражба“. Тој бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Идризово во Скопје за доиздржување на казната.
На 26.01.2025 околу 23.00 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Ј.Т.(33) од Штип. Тој бил затекнат при извршување разбојничка кражба во куќата на Л.П. во Штип, при што одзел пари, накит и други предмети. Откако бил забележан од сопственикот, тој се обидел да побегне и започнал физичка пресметка со него. Ј.Т. бил задржан во полициска станица и кај него било пронајдено одземеното и било вратено на сопственикот. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 27.01.2025 во 20.50 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Ј.(24) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 27.01.2025 во 20.00 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле А.П.(45) од Кавадарци, кој бил баран со наредба на Основен суд Кавадарци за издржување затворска казна. Тој бил спроведен во Казнено - поправната установа Затвор Гевгелија за издржување на казната.
На 27.01.2025 во 20.30 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје привеле малолетник од Скопје, затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (28.01.2025) во 00.30 часот на Граничниот премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го привеле Т.Ј.Б.(35) од Република Турција затоа што при извршена контрола било констатирано дека непријавено престојувал во државата, со што сторил прекршок по член 190 од Законот за странци. Тој бил предаден на полициски службеници во СВР Куманово за понатамошна постапка.
На 27.01.2025 во 14.30 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Батаљон Стив Наумов” во Битола, патничко возило „цитроен“ со битолски регистарски ознаки, управувано од А.Г.(29) од Битола, удрило во велосипедистот С.Г.(52) од Битола. Во несреќата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.
На 27.01.2025 во 17.45 часот во Полициската станица Гази Баба, С.Т.(55) од Скопје пријавил дека на ул.„Разлошка“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 27.01.2025 во 17.50 часот во Полициското одделение Теарце, З.М.(46) од с.Слатино, тетовско, пријавил дека околу 15.30 часот во селото, неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 27.01.2025 во 11.50 часот во СВР Битола, Б.С.(18) од Битола пријавила дека кај спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола била касната од куче скитник.
Денеска (28.01.2025) околу 12.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека е забележано женско тело во реката Вардар. Околу 13 часот во близина на мостот Близнак во Скопје, телото е извадено од реката од страна на полициски службеници од ПС Аеродром. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ф.Б.(39) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „спречување на докажување“. При претрес, извршен со судска наредба во камп приколка на плажа во Охрид, која ја користел, тој исфрлил и се обидел да уништи марихуана и кокаин.
ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Е.С.(54) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. Тој, во кабинет во подрачно училиште во дебарско село, физички нападнал ученик во училиштето.
На 27.01.2025 во 15.00 часот на регионалниот пат Струга-Дебар, во близина на струшкото село Враништа, полициски службеници од ОВР Струга извршиле контрола на товарно возило „нисан“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Ф.Н.(47) од Дебар. Притоа, било констатирано дека тој вршел транспорт на огревно дрво без соодветна документација. Возилото и дрвната масе биле одземени и предадени на Шумската полиција од Струга. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 27.01.2025 во СВР Битола, 20 – годишник од битолско село пријавил дека бил измамен од едно женско лице за сума од 4.440 американски долари. Според пријавеното, во ноември 2024 година лицето го контактирало преку социјални мрежи, се претставило дека е од Малта и дека може да му помогне да се стекне со наследство на починато лице од РСМ, кое немало законски наследници. Како што е пријавено, тие комуницирале повеќе од два месеци и во тој период преку брз трансфер на пари оштетениот во неколку наврати ѝ уплатил вкупно 4.440 американски долари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 27.01.2025 околу 19.15 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, С.К., управувајќи патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, не застанал на знак за запирање даден од полициски службеник кој извршувал службени дејствија, агресивно се однесувал, по што со возилото го удрил полицискиот службеник и го напуштил местото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 27.01.2025 во 18 часот, полициски службеници од Полициската станица Центар ја лишиле од слобода А.Р.(46) од Скопје. Според пријавеното од Ј.М.(35) од Скопје, околу 13 часот во двор од основно училиште на подрачјето на Центар, нејзиниот 12-годишен син физички го нападнал 13-годишниот син на А.Р., по што А.Р. го однела 12-годишникот во својот стан и го држела одреден период, по што го однела во полициска станица. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 27.01.2025 во 17.50 часот во СВР Скопје, М.Г.К. (24) од Република Турција пријавила дека околу 17.30 часот на подрачјето на Бит Пазар, по претходно недоразбирање околу такси услуга, била физички нападната од такси возач. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 27.01.2025 во СВР Скопје било пријавено дека на 26.01.2025, од правен субјект на подрачјето на Центар биле одземени предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 27.01.2025 во 07.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автобуска постојка на подрачјето на Кисела Вода бил пронајден починат В.В.(59) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 27.01.2025 во 13.20 часот во Полициската станица Карпош, од Јавна установа за згрижување на деца било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник К.П.(17), кој и претходно се оддалечувал и бил враќан. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 27.01.2025 во 13.45 часот во СВР Охрид, М.Ф.(58) од охридското село Косел пријавил дека на улица „Богомилска“ во Охрид бил каснат од куче скитник.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против С.А.(43) и Џ.К.(23), двајцата од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојничка кражба“ во врска со „соизвршителство“. На 16.12.2024 во близина на село Зрновци, кочанско, второпријавената му одзела мобилен телефон и пари на едно лице, додека првопријавениот физички и со тврд предмет го нападнал.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против И.Н.(40) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 29.12.2024 во казино, а потоа и на паркинг простор во Делчево, пријавениот физички го нападнал А.И.(48) од Делчево и му нанел тешка телесна повреда.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево, поднесе кривична пријава против К.Л.(37) од Битола и Т.Л.(35) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 12.01.2025 во Кичево, пријавените физички го нападнале А.Б.(24) од Кичево, при што употребиле и тврд предмет.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Г.(20) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 16.07.2024 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што бил пронајден и одземен хероин.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ѓ.К.(25) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 19.10.2024 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.З.(29) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 15.07.2024, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Е.Р.(19) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 12.03.2023 во Скопје, полициски службеници пронашле и одзеле торба, сопственост на пријавениот, во која имало марихуана.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ж.Д.(38) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 02.11.2024 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што бил пронајден и одземен амфетамин.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.Т.(25) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Во текот на јуни и септември 2024 во Скопје, полициски службеници во неколку наврати на различни локации извршиле преглед над пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана и амфетамин.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.А.(28) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори’’. На 02.09.2024 во нас.Дреновец, тетовско, во патничкото возило кое го управувал, полициски службеници пронашле и одзеле кокаин.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Х.З.(25) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 08.11.2024 во Тетово, полициски службеници пронашле и одзеле марихуана, која претходно му испаднала на пријавениот при обид да побегне од полициски службеници.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.А.(22) од с.Долно Палчиште, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 29.05.2024 во Тетово, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.Д.(20) и М.Ј.(20), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 18.09.2024 во Тетово, полициски службеници извршиле преглед над пријавените, при што била пронајдена и одземена марихуана.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.Л.(19) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори’’. На 20.10.2024 во с.Пирок, тетовско, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило во кое пријавениот бил сопатник, при што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против Г.О.(48) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,овозможување на употреба наркотични дроги’’. На 21.08.2024 во парк во Струмица, пријавениот и уште едно лице користеле марихуана, по што бил извршен преглед кај пријавениот и била пронајдена и одземена марихуана.
СВР Велес поднесе кривична пријава против Ј.К.(39) и И.Р.(37) двајцата од с.Студеничани, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 04.09.2024 на автопат Скопје - Велес, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „фиат“, кое го управувал И.Р., а сопатник бил Ј.К., при што биле пронајдени и одземени ловечка пушка, патрони со различен калибар и нож.