На 22.03.2020 во 21.40 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Тодор Александров“ ги лишиле од слобода М.Т.(23), М.Б.(21) и С.Ѓ.(27) сите од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 22.03.2020 во 17.00 часот во Полициската станица Кисела Вода М.С.(35) од Скопје пријавил дека на ул.„Мариовска“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата потколеница.
Во текот на 20, 21 и 22.03.2020 на подрачјето на СВР Скопје преземени се мерки и активности, при што од сообраќај се исклучени: три возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило и едно возило бидејќи било нерегистрирано. Во текот на изминатите денови, четири возила се подигнати со специјално возило „пајак".
На 22.03.2020 во 10,54 часот во Полициската станица Ѓорче Петров М.Р.(56) од Скопје пријавил дека во нас.„Даме Груев“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.
На 22.03.2020 околу 14.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бензинска пумпа на ул.„Македонско-косовска бригада“ во Скопје, две непознати лица, со закана со пиштол од вработениот З.А.(40) од Скопје, му одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 23.03.2020 во 01.30 часот во Полициска станица Гази Баба, Е.Р.(80) од с.Идризово, скопско, пријавил дека на 22.03.2020 околу 19.00 часот во семејниот дом на ул.„4“, по претходна расправија, бил нападнат со тврд предмет од неговиот син Р.Р.(46). Е.Р. бил однесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде му била констатирана тешка телесна повреда. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 22.03.2020 околу 12.30 часот во Полициска станица Прилеп било пријавено дека на раскрсница на ул.„Београдска“ со ул.„Горан Миноски“, додека Г.Н.(52) од Прилеп управувал патничко возило „форд мондео“, со прилепски регистарски ознаки, бил пресретнат од патничко возило „фолксваген“, со непознати регистарски ознаки. И двете возила запреле, и по вербална расправија, од возилото „фолксваген“ излегле две лица, на кои им се придружило уште едно, и физички го нападнале. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 22.03.2020 околу 13.00 часот во СВР Битола било пријавено дека во атар на с.Селце, крушевско, настанал пожар во кој била опожарена поголема површина на дабова шума. Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Крушево.
На 22.03.2020 во 18.00 часот во СВР Куманово, С.Р.(62) од с.Табановце пријавил дека на банкина покрај автопат Куманово-Граничен премин „Табановце“, во близина на бензинска пумпа, пронашол рачна бомба. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово. Од страна на пиротехничар на ДЗС експлозивната направа е подигната за понатамошна постапка.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Ј.Џ.(40) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „измама при добивање кредит или друга погодност“, „фалсификување или уништување деловни книги“ и „фалсификување на исправа“, М.К.(66) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама при добивање кредит или друга погодност“ и „фалсификување на исправа“ и Р.Ѓ.(44) од с.Мислешево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина”. Првопријавениот, вработен во фирма од Охрид, склучил договор со второпријавениот и потоа набавил лажна потврда на име од М.К., иако истиот никогаш не бил сопственик на патничко возило „нисан“, искористувајќи го неговиот статус на повратник, а истиот бил и соизвршител на делото. Потоа, набавените лажни документи ги приложил како доказ за започнување постапка за идентификација во Бирото за метрологија при Министерството за економија – Скопје и во Станица за технички преглед во Охрид за регистрирање на предметното возило, па на 21.09.2016 го регистрирал предметното возило. Третопријавениот ја употребил фалсификуваната сообраќајна дозвола во патниот сообраќај.
СВР Битола поднесе кривична пријава против З.Т. (43), Т.Т.(41), Е.Т.(18) од Битола и М.А.(18) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 14.03.2020 З.Т., остварил влез во Република Северна Македонија преку Грција, заедно со М.А и Е.Т. кои доаѓале од Италија, поради што сите потпишале изјава за самоизолација од 14 дена и примиле писмена наредба од Министерството за здравство. На 19.03.2020, при проверка од полициски службеници пријавените, заедно со Т.Т., биле затекнати надвор од домот, односно не се придржувале до изречените мерки од Министерство за здравство.
ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Х.С.(32) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Тој на 17.03.2020 допатувал од ризична земја на граничен премин ,,Деве Баир“, каде што потпишал изјава дека ќе ги почитува мерките и препораките за спречување на пренесување на коронавирус и добил наредба за самоизолација во неговиот дом во времетраење од 14 дена, но на 19.03.2020, при проверки на полициски службеници, пријавениот не бил пронајден во неговиот дом во с.Големо Коњари.
ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Д.К.(35) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 17.03.2020 пријавениот допатувал од ризична земја на граничен премин Меѓународен аеродром Скопје, каде што потпишал изјава дека ќе ги почитува мерките и препораките за спречување на пренесување на коронавирусот и добил наредба за самоизолација во неговиот дом во времетраење од 14 дена. На 19.03.2020, при проверки на полициски службеници, пријавениот не бил пронајден во неговиот дом на ул.,,Пере Тошев“.
ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против С.Л.(24) од с.Житоше, општина Долнени, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 17.03.2020 пријавениот допатувал од ризична земја на граничен премин ,,Деве Баир“, каде потпишал изјава и добил наредба за самоизолација во неговиот дом во времетраење од 14 ден, но на 19.03.2020, при проверки на полициски службеници, пријавениот не бил пронајден во неговиот дом, односно не се придржувал на изречените мерки за самоизолација.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кавадарци поднесе кривична пријава против Г.В.(42) од с.Возарци, кавадаречко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 19.03.2020, при проверка од полициски службеници било констатирано дека пријавениот, иако на 18.03.2020 потпишал изјава за самоизолација од 14 дена и примил писмена наредба издадена од Министерството за здравство, тој не се придржувал на изречените мерки за самоизолација.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кавадарци поднесе кривична пријава против Б.С.(45) од с.Сирково, општина Росоман, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 19.03.2020, при проверка од полициски службеници, било констатирано дека пријавениот, иако на 18.03.2020 потпишал изјава за самоизолација од 14 дена и примил писмена наредба од Министерството за здравство, тој не се придржувал на изречените мерки за самоизолација.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кавадарци поднесе кривична пријава против А.Н.(47) од с.Сопот, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 18.03.2020 во с.Сопот, при проверка од полициски службеници во домот на пријавениот, било констатирано дека иако на 17.03.2020 потпишал изјава за самоизолација од 14 дена и примил писмена наредба од Министерството за здравство, тој не се придржувал на изречените мерки за самоизолација.
СВР Штип поднесе кривична пријава против В.Н.(32) од с. Звегор, делчевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 17.03.2020 во 04.20 часот на Граничен премин „Деве Баир”, тој остварил допатувал од Р.Словенија, поради што потпишал изјава за самоизолација од 14 дена и примил писмена наредба од Министерството за здравство. При проверка во неговиот дом во с. Звегор, од полициски службеници било констатирано дека пријавениот не се придржувал на изречените мерки и не постапил согласно препораките на Министерство за здравство.