На 15.02.2017 година околу 20.30 часот во Скопје, во обложувалница лоцирана во старата скопска чаршија две непознати лица извршиле разбојништво над вработените. Сторителите влегле внатре и со закана со пиштол одзеле околу 80.000 денари, по што побегнале во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.
На 16.02.2017 година во 00.30 часот телефонски во ЕИК Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Куманово (во близина на с.Бунарџик) има две лица со повреди на главата и телото. Полициски службеници излегле на местото и ги пронашле И.А.С. и Ф.К.А., државјани на Пакистан, кои илегално влегле во Р.Македонија. По нивно кажување, на мостот за с.Бунарџик од страна на пет непознати лица биле нападнати со палки и железни шипки, по што им биле одземени пари. И.А.С. во неконтабилна состојба и Ф.К.А. биле пренесени во Медицински центар Скопје, каде им биле констатирани тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.
На 15.02.2017 година во 10.15 часот во ПС Охрид, телефонски се јавил Д.Ѓ. (48) од с.Лескоец, охридско, свештеник во манастирот „Св.Врачи“ во с.Опеница, охридско, и пријавил дека во периодот од 17.30 на 14.02.2017 година до 10.00 часот на 15.02.2017 година непознат сторител извршил тешка кражба во конаците на манастирот. Сторителот насилно ги отворил влезните врати од три соби од конаците на манастирот и извршил пребарување. Од една од собите одзел црна кожна чанта во која имало пиштол марка „Црвена Застава“, околу 50 куршуми за истиот и дозвола за оружје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
На 16.02.2017 година во 02.40 часот во ПС Куманово, Н.А. (30) од Куманово пријавил дека околу 02.15 часот со негово ПМВ „Рено Твинго“ отишол на бензинска пумпа лоцирана на автопатот Куманово - ГП „Табановце“. По кратко време дошол С.Ш. од с.Грушино, скопско, со ПМВ „Опел Тигра“ со скопски регистарски ознаки и му рекол на Н.А. да влезе во возилото. Откако влегле во возилото се упатиле кон с.Черкези. Таму застанале во непосредна близина на плац за продажба на возила и С.Ш. со тупаница го удрил Н.А. во пределот на лицето, а потоа извадил пиштол, му се заканил дека ќе го убие и го удрил со рачката од пиштолот во пределот на главата, со што му нанел видливи повреди. СВР Куманово презема мерки за целосно расчистување на настанот.
На 15.02.2017 година во 19.50 часот во ПС Тетово Н.И. (46) од Тетово пријавила дека нејзиниот невенчан сопруг Б.И. (35) од с.Љубин, скопско, во повеќе наврати извршил полови дејствија врз нејзините две малолетни ќерки на возраст од 15 и 16 години од претходните бракови. Б.И. бил приведен во СВР Тетово. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
На 15.02.2017 година околу 22.00 часот во с.Локвица-Македонски Брод, од засега непознати причини избувнал пожар во куќа сопственост на С.С. (78), во кој истиот починал, додека неговите синови Л.С. (50) и Т.С. (48) се здобиле со изгореници и биле пренесени во Медицински центар Прилеп и се наоѓаат надвор од животна опасност. Куќата била целосно опожарена, а на местото интервенирала Територијалната противпожарна единица Македондки Брод. Увид ќе се врши во текот на 16.02.2017 година.
На 15.02.2017 година околу 12.20 часот во Скопје во ОУ „Петар Здравковски-Пенко“, по завршување на часовите, дванаесетгодишен ученик се обидел преку прозорец, кој е на висина од два метри, да влезе во училница која се наоѓа на првиот кат. При обидот истиот се фатил за завесата на прозорецот, која се скинала, и паднал на плочникот. Со возило на Итната медицинска помош детето било пренесено во Клинички центар „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани телесни повреди и било задржано на понатамошно следење на неговата здравствена состојба. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
На 15.02.2017 година во 07.00 часот во Кочани, на ул. „Димитар Влахов“ во подрумскиот дел на Трговски Центар, пронајден бил починат Б.Ј. (25) од Кочани. Смрт е констатирана од страна на екипа од Итна медицинска помош. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од ОКТИВ при МВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено во институтот за судска медицина за обдукција.
На 15.02.2017 година во 09.45 часот во ЕИК Скопје, анонимен граѓанин пријавил дека на ул „Козле-1“, Б.Н. (53), кој живее на наведената адреса, позади куќата чува бомба. По излегување на местото, полициски службеници пронашле рачна бомба за која е констатирано дека најверојатно се работи за бомба која е пронајдена во ѕид на стара куќа. За настанот е известен Одделот за антитероризам, а бомбата е безбедно подигната од место од страна на екипа од Дирекцијата за заштита и спасување.
На 15.02.2017 година околу 13.50 часот во Куманово, на ул. „Тоде Думба“ се случила сообраќајна незгода во која ПМВ „Рено“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.В. (67) од с.Старо Нагоричане, удрило во пешакот Г.Т. (65) од Куманово. Во незгодата со тешки телесни повреди–опасни по живот се здобила Г.Т., која по укажаната лекарска помош во општа болница Куманово, како итен случај била пренесена во Ургентниот центар Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.
ОКП Струмица поднесе кривична пријава против лицето Н.Х. (29) и Н.П. (30), двајцата од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ на дрзок начин. На 31.12.2016 година во периодот од 18.00 до 18.30 часот од продавница во Струмица, користејќи згодна прилика, противправно одзеле метален сеф во кој имало 100 евра и околу 28.000 денари во разни апоени.
НК КР Струга поднесе кривична пријава против А.П. (49) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Во почетокот на декември С.И. од Струга нудел на продажба возило кое било во сопственост на С.С. од с.Шум. при што му се јавил пријавениот под друго име како купувач на возилото. Со оштетниот се договориле да го купи возилото за 3500 евра, а како гаранција да му даде капар од 500 евра, додека останантите 3000 евра да му ги даде кога ќе потпишат договор за префрлување на сопственост на возилото.
ОКП Тетово поднесе кривична пријава против И.Ш. (60) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 15.01.2017 година во ПС Тетово, сопругата на пријавениот пријавила дека подолг временски период истата била физички и психички малтретирана од страна на нејзиниот сопруг. Пријавениот физички ја нападнал и истиот ден кога го пријавила. Истиот, по кратка вербална расправија, физички ја нападнал задавајќи и неколку удари со тупаници по телото, при што и нанел телесни повреди.
НК за КР Пробиштип поднесе кривична пријава против И.Д. (35) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,фалсификување пари“ . Пријавениот во текот на 2016 година, додека престојувал во Скопје каде работел како градежен работник, од непознато лице набавил пет фалсификувани банкноти во апоени од 500 денари, кои на 18.12.2016 година на бензинска пумпа во Пробиштип и на 20.12.2016 година во трговски дуќан во Пробиштип пуштил во оптек по една од набавените банкноти. Останатите три банкноти биле пронајдени при извршен преглед на пријавениот.
Единицата за недозволена трговија поднесе кривична пријава против Н.С. (23) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторен кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 13.02.2017 година околу 01.30 часот на бул. „Илинден“, на бензиска пумпа, од страна на полициски службеници забележана е автоматска пушка на предно совозачко седиште од ПМВ „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал пријавениот. По извршен преглед на возилото во автоматската пушка калибар 7,62мм. пронајдена е и рамка со 25 куршуми кал.7,62 мм. Од страна на судија во претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.
ПС Прилеп поднесе кривична пријава Д.Н. (51) од с. Мажучиште, прилепско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 14.10.2016 година полициски службеници извршиле претрес во домот и помошни простории на пријавениот, при што во дворното место било пронајдено едно растение „канабис“. По извршен разговор, пријавениот изјавил дека е долгогодишен зависник од наркотична дрога, а растението го одгледувал за негова употреба.
ОКП Тетово поднесе кривична пријава против Д.Т. (26) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 06.08.2016 година на локалниот пат с. Сараќино–с. Стримница од страна на полициски службеници бил забележан пријавениот и од извршен преглед кај него биле пронајдени две најлонски пакувања со 460,6 грама наркотична дрога “марихуана“.
НК за КР Гевгелија поднесе кривична пријава против лицето М.П. (37) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 09.02.2016 година пријавениот во својство на вработен - техничко лице во правно лице од Гевгелија, изготвил лажна Потврда од проверка на сообразноста на тахографот за возило марка Волво сопственост на друго правно лице од Гевгелија. Истиот со своерачен потпис и печат ја заверил потврдата без да ја евидентира во деловодната книга и како таква ја врачил на рака на овластеното лице за потпис и наплата.