Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и директорот на Бирото за јавна безбедност Саше Тасевски, заедно со косовскиот министер за внатрешни работи Екрем Мустафа, заменик директорот на косовската полиција Самедин Мехмети и министерот за инфраструктура и транспорт Пај Лекај присуствуваа на почетокот на временото функционирање на граничниот премин Стрезимир-Рестелица, кој ќе функционира од 20 јули до 20 август 2019 година за туристички цели. Министрите остварија средба и со жителите на општината Брод во Косово и ја истакнаа одличната соработка меѓу двете земји, како и решеноста да се подoбрат условите за живот за жителите од овие места.