28 ноември 2015

Повредени 18 полицајци на јужната граница

 Денес околу 13.30 часот на граничната линија кај кота 59, нарушен е јавниот ред и мир од страна на мигрантите кои се наоѓале на грчка страна на граничната линија Грција - Македонија.

Мигрантите почнале да фрлаат со камења кон полициските службеници со цел пробивање на полицискиот кордон и влез на македоснка страна. Повредени се 18 полициски службеници, од кои двајца со потешки телесни повреди во пределот на главата и еден од нив со потрес на мозок. Сите се хоспитализирани во медицинскиот центар во Гевгелија. Демолирани се и неколку полициски и армиски возила и штитови.

Состојбата во моментов е нормализирана.