07 јули 2019

Спроведена акциска контрола на возачи кои возат под дејство на алкохол

Во периодот од 00.00 часот до 05.00 часот на 07.07.2019 година Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол. Притоа, кај 38 возачи утврдено е присуство на алкохол во крвта, додека тројца возачи одбиле проверка за присуство на алкохол. Сите 41 возачи се исклучени од сообраќај и се одземени возачките дозволи.  

Откриени се и 43 останати прекршоци за кои се издадени 13 мандатни платни налози и 30 прекршочни платни налози.