07 јули 2019

Акциска контрола за санкционирање на прекршоци од возачи на мотори

Во периодот од 20.00 часот на 06.07.2019 до 01.00 часот на 07.07.2019г. Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје спроведе акциска контрола за Прекршоци од возачи на мотори. Притоа, сторени се вкупно 81 прекршок од возачи на мотори и издадени им се 78 прекршочни платни налози и три мандатни платни налози.

Откриени се и 43 останати прекршоци за кои се издадени 13 мандатни платни налози и 30 прекршочни платни налози.