06 јули 2019

Акциска контрола за санкционирање на возачи на моторни возила кои ја пречекориле дозволената брзина на движење

Во периодот од 06.00 часот на 05.07.2019 до 06.00 часот на 06.07.2019г. Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје спроведе акциска контрола за санкционирање на возачи на моторни возила кои ја пречекориле дозволената брзина на движење. Притоа, сторени се вкупно 46 прекршоци од страна на возачи на моторни возила. Откриени се и 72 останати прекршоци при што издадени се 52 прекршочни платни налози и 20 мандатни платни налози.