Проекти и кампањи

04 јули 2019

Превентивана кампања на СВР Скопје

 

 
Секторот за внатрешни работи на Град Скопје во рамки на своите надлежности, презема превентивни мерки и активности во насока на превенција и едукација на граѓаните, подигање на свеста со цел спречување на извршување на кривични дела кражби во куќи и станови за време на летниот период. 
Во таа насока од наша страна  во соработка со локалната самоуправа – Општина Карпош на 05.07.2019 год. во 20 часот ќе се реализира средба со граѓани во Урбана заедница Карпош 3 ( во непосредна близина на Тинех маркет) на тема „ Превенција од имотни деликти“  на која е планирано да присуствуваат граѓани , претставници од општината , советници од Локалниот совет за превенција како и полициски службеници од Полициската станица Карпош . 
Општата цел која сакаме да ја постигнеме со реализацијата на проектот е намалување на бројот на кривичните дела од овој вид со подигнување на свеста кај граѓаните во соработка со полицијата и преземање на мерки за самозаштита и секако намалување на материјалата штета од овој вид на криминалитет .