02 јули 2019

Известување

Вe известуваме дека со цел одбегнување на застој во сообраќајот односно овозможување на побрз проток на возила на магистралниот пат А2 делница : Скопје-Охрид-Скопје од 01.07 до 01.09.2019 се воведува привремен сообраќаен режим за време на летниот период со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите.
Временските интервали кога важи забраната се следниве:

петок : 15:00 – 22:00 часот, сабота : 07:00 – 12:00 и 18:00 – 24:00 часот и недела : 07:00 – 22:00 часот.