17 јуни 2019

Соопштение

 

Согласно насоките на Владата упатени до Министерството за внатрешни работи во Извадокот од Нацрт записникот од 120-тата седница на Владата на РСМ од 12.02.2019 согласно која МВР се задолжува да започне со издавање на нови регистарски таблички во рок од четири месеци од влегување во сила на уставните амандмани и Уставниот закон, ја информираме јавноста дека Министерството за внатрешни работи почнува со издавање на регистерски таблички со ознака НМК. Регистарска табличка со ознака НМК ќе добиваат возилата што подлежат на прва регистрација во државата и оние граѓани што ќе пријават оштетена регистерска табличка. Останатите граѓани промената ќе треба да ја направат до 2024 година, а до тогаш ќе можат да ги користат постоечките таблички и при излегување од државата ќе добиваат бесплатна налепница НМК.