17 јуни 2019

Повеќе од 200 казни изречени вчера за сообраќајни прекршоци на територијата на Скопје

 
 
Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 16.06.2019 спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје. Притоа, санкционирани 133 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина (седум надвор од населено место и 126 во населено место). Откриени се и 55 останати прекршоци за кои се издадени 20 мандатни платни налози и 35 прекршочни платни налози.
На 16.06.2019 година Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје спроведен акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли на територијата на Скопје, при што откриени се 24 возачи кои сториле прекршоци. Откриени се и 55 останати прекршоци за кои се издадени 38 мандатни платни налози и 17 прекршочни платни налози.