07 јуни 2019

Известување - посебен сообраќаен режим

 

Денеска (07.06.) со почеток во 20.45 часот ќе се одржи меѓународен фудбалски натпревар Северна Македонија - Полска на Арената „Тодор Проевски“, при што Одделението за Безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во периодот од 18.00 до 23.00 часот со периодично пренасочување на сообраќајот на булеварот „Илинден“, улицата „Аминта Трети“ и улицата „Наум Наумовски Борче“.

 За таа цел МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се движат учесниците.