06 јуни 2019

Известување

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека поради пожар што избувнал на бугарска страна, на самиот граничен премин, околу 16 часот (денеска 6.6.2019), затворен за сообраќај е граничниот премин Ново Село-Златарево. Граѓаните кои сакаат да патуваат во Република Бугарија да ги користат останатите гранични премини до добивање на известување од бугарска страна дека истиот ќе може да се користи повторно.