05 јуни 2019

Работилница „Циклусот на политики на ЕУ“

 Денеска и утре (5-6.6.2019) во Скопје се одржува работилница на тема „Циклусот на политики на ЕУ“ во организација на МВР, а со финансиска поддршка на Инструментот за техничка помош и размена на информации на Европската комисија - TAIEX.
На работилиницата се  поканети претставници од различни органи надлежни за спроведување на законот, како што се МВР, ЦУ, Управа за финансиско разузнавање, Финансиска полиција и др.

Експерти од Европол, Европската комисија, Советот на министри на ЕУ и други специјализирани тела говорат на теми поврзани со сите фази од Циклусот на политики на ЕУ, почнувајќи од процесот на планирање па се до фазата на спроведување.

Главна цел на работилницата е подигање на капацитетите на нашите институции согласно стандардите на ЕУ, во насока на попрецизно проектирање на приоритетите во борбата против сериозниот и организиран криминал, а следствено на тоа соодветно планирање и распоредување на потребните ресурси за реализација на наведената цел.