10 мај 2019

Соопштение 10.05.2019

 Утре (11.05.) во Скопје со почеток од 08.00 часот до 20.00 часот, во организација на „АМП ТИМ“ ДООЕЛ од Скопје, ќе се одржи најавената манифестација – „Авто Плус Стрит Шоу“ а на делот од булеварот “Илинден“ од крстосница со улицата “Аминта 3-ти“ до крстосница со пристапна улица за влез во објектот на Град Скопје.

Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот долж наведената траса а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. Истовремено МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.