08 април 2019

Покана до медиуми

 Утре, 9.4. 2019 (вторник) во 10 часот во Министерството за внатрешни работи (сала за состаноци во зграда бр.1), министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерот за внатрешни работи на Чешката Република Јан Хамачек ќе потпишат договор за донација меѓу Министерството за внатрешни работи на Чешка Република и Mинистерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија. Ги покануваме заинтересираните претставници на медиумите да го проследат настанот.