04 април 2019

Приведен дилер на хероин

 Секторот за внатрешни работи Скопје, до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против С.И.(42) од Скопје поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик.

На 03.04.2019 полициски службеници од СВР Скопје во содејство со Одделот за крим полиција, врз основа на судска наредба, извршиле претрес во станот на ул.„Петар Дељан“, каде престојува пријавениот. При претресот биле пронајдени и одземени 84 грама хероин и дигитална вага со остатоци од хероин. С.И. бил лишен од слобода, а по извршеното вештачење, по насоки на Јавен обвинител, поднесена е кривична пријава.