03 април 2019

Во несреќата во која вчера падна авион во близина на Солунска глава, нема преживеани

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека четворицата патници од авионот кој вчера полета од Охрид за Софија се починати. 

„Вчера, околу 19 часот припадници на МВР го лоцираа авионот на локација на околу пет километри северозападно од Солунска глава“, соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешната прес конференција.

Во несреќата загинаа Г.А.Б. (1970 год.), К.Ц.К.Б.(1972 год.), Г.Г.Б. (2005 год.) и Б.Г.Б. (2000 год.) сите од Република Бугарија.

„Министерството за внатрешни работи изразува сочувство до роднините на починатите и до сите граѓани на Република Бугарија. Службите на МВР, Институтот за судска медицина и Комитетот за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти вршат увид под раководство на јавен обвинител“, рече портпаролот Ангеловски.