15 март 2019

Средба со делегација на УНХЦР и УНИЦЕФ

Денеска во Министерството за внатрешни работи министерот Оливер Спасовски одржа работна средба со вд резидентниот координатор на Обединетите нации и  претставник на УНИЦЕФ во Република Северна Македонија Бенџамин Перкс, претставникот на УНХЦР Моника Сандри и заменик- министерот за надворешни работи Андреј Жерновски.

На средбата беше потенцирана одличната соработка со овие организации, а се разговараше околу можното пристапување на Република Северна Македонија кон Конвенцијата за намалување на лицата без државјанство на Организацијата на обединетите нации. Се разговараше за бројот на лица кои би биле опфатени со оваа ратификација, евентуални други импликации и натамошната координација.