07 март 2019

Известување

 Одделението за превенција при СВР Скопје, утре (08.03.) во 13.00 часот пред платото на Капитол Мол во непосредна близина на пешачкиот премин ќе продолжи со втората фаза од превентивна кампања за поголема безбедност во сообраќајот  - “Поддржуваме безбедна иднина“.

Притоа за таа цел формираните училишни сообраќајните единици од основните училишта “Лазо Ангеловски” и “Димитар Миладинов” од општина Аеродром ќе ги изведуваат предвидените активности како што е укажувања за направени сообраќајни прекршоци, потоа помагање на повозрасни лица, а се со цел подигање на свеста кај учесниците  во сообраќајот како возачи и пешаци

Инаку, истовремено а по  повод денот 8-ми Март во текот на активностите на учесничките во сообраќајот коишто не направиле прекршок од страна на  членовите на училишната сообраќајна единица ќе и биде подарено цвеќе за дадениот придонес за примерно однесување  во сообраќајот.