05 март 2019

Кривична пријава за злоупотреба на службена положба

 

Секторот за внатрешни работи Штип до Основното јавно обвинителство Кочани поднесе кривична пријава против Р.Т.(44) од село Оризари, кочанско поради постоење основано сомнение дека сторила две кривични дела "злоупотреба на службена положба и овластување" казниво по член 353 став 1 од КЗ. 

Пријавената, во својство на службено лице, Вршител на должност директор на ЈОУ Библиотека "Искра" Кочани во периодот на 2017 година злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластување, во два наврати постапила спротивно на одредбите од Законот за јавни набавки, на тој начин што без да спроведе постапка за јавна набавка во која би се јавиле и други економски оператори, кои на пазарот нудат стоки, услуги или работа, истата фаворизирала два правни субјекти.

Имено, во 2017 година ангажирала правен субјект од Кочани преку непосреден договор за услуга за одржување и поправка - вршење градежни активности во ЈОУ Библиотека "Искра" Кочани и Оризари без притоа да биде спроведена постапка за јавна набавка на услуги.

Исто така пријавената во текот на 2017 година за услуги за патен транспорт (такси услуги за вработените), фаворизирала едно правно лице од Кочани без да спроведе постапка за јавна набавка и без истите услуги да бидат предвидени во планот за јавни набавки на Библиотеката.