05 март 2019

Соопштение

Во врска со случајот објавен во вчерашниот извадок од дневни настани во кој известивме дека на 03.03.2019 околу 23.30 часот во СВР Струмица, лекар од болницата во Струмица пријавил дека кај нив била хоспитализирана 19-годишна девојка од струмичко и по извршениот преглед, било констатирано дека претходно се породила, а при преглед на домот, на повеќе места, биле пронајдени докази кои укажуваат дека имало породување, ве известуваме дека е направен увид од страна на полициски службеници и јавен обвинител и пронајдено е починато тело на новороденче. По наредба на Јавен обвинител мртвото тело е предадено на обдукција. Земени се примероци од крв за анализа од мајката, членови на семејството и мажот со кој девојката била во љубовна врска. По насоки на јавниот обвинител, се преземаат мерки за расчистување на случајот.