04 март 2019

Зајакната акциска контрола за санкционирање на возење под дејство на алкохол

Во текот на ноќта на 02/03.03.2019 година на подрачјето на сите сектори за внатрешни работи во Република Северна Македонија спроведена е акциска контрола за откривање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол, при што контролирани се над 1,300 возачи. Кај 177 возачи е утврдено присуство на алкохол во крвта и тие се соодветно санкционирани. На територија на СВР Скопје - 39, СВР Тетово - 15, СВР Велес - 18, СВР Битола - 25, СВР Куманово - 27, СВР Струмица - 17, СВР Охрид - 11 и СВР Штип - 25.

При контролите, исто така, откриени и соодветно санкционирани се и 154 други прекршоци.

Министерството за внатрешни работи и во наредниот период ќе продолжи со ваквите контроли со цел санкционирање на прекршоците и подобрување на безбедноста во сообраќајот.