03 март 2019

Покана до медиуми

Утре 04.03.2019 година (понеделник) во 12 часот во сала за состаноци во зграда бр.1 на МВР, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе има работна средба со генералот Грегор Пелцл, директор на Одделението за анализа при Федералната полиција на Германија, а заедно со амбасадорот на Сојузна Република Германија г.Томас Герберих ќе го потпишат Протоколот за примопредавање на донација на возила и опрема за МВР, по што околу 12.30 часот ќе следуваат и изјави за медиумите. Ги покануваме заинтересираните медиуми да го проследат настанот.